Ријана во секси празнично издание во новата зимска кампања на „Savage x Fenty“

Instagram

Ријана ја претстави својата нова колекција за долна облека на „Savage x Fenty“. Кампањата за новите креации на брендот за зимата 2020 година е посветена на секоја жена, славејќи го женското тело во која било големина.

Во празнично издание со новогодишна елка од мраз во позадина, Ријана позираше во парчиња од нејзината најнова колекција во секси издание, а многумина веќе ја нарекоа „ледена кралица“.

Instagram
Instagram

Оваа празнична сезона Ријана ви го дава овој нов ладен принт и некои други добри работи што треба да ги имате за да ги преживеете ладните декемвриски ноќи“, пишува во објавата на брендот.

За празничниот изглед, Ријана се одлучила за градник од кадифе и шорцеви за спиење во плаво бела боја, надополнувајќи ја комнинацијата со бела јакна и високи латекс чорапи од нејзината омилена дизајнерка Амина Муади.

Instagram
Instagram

Амина и Ријана ги здружија силите за нивната заедничка колекција на обувки „Fenty“ уште во јули. Оттогаш, колекцијата „Fenty by Amina Muaddi“ стана една од најпродаваните во 2020 година.

Ријана е уметник кој покрај музичката кариера стана главна сила во модниот свет, надминувајќи ја својата беспрекорност. Нејзиното прво големо признание се случи уште во 2014 година во соработка со „Puma“, а во септември 2015 година, таа го создаде својот прв производ „Fenty“.

Таа дебатираше со својата колекција на долна облека „Savage x Fenty“ во 2018 година и оттогаш со секоја нова колекција го воодушевува светот!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот