Ријана се приклучи на клубот на милијардери

ријана
ФОТО: EPA-EFE/WILL OLIVER

Робин Фенти, позната во светот како Ријана, ја лансираше „Fenty Beauty“ во 2017 година. Таа имала цел да создаде козметичка компанија која ќе направи сите жени да се чувствуваат „вклучени“. Истата компанија ѝ помогна да стане милијардерка.

Богатството на Ријана сега вреди 1,7 милијарди долари, проценува „Форбс“ што ја прави најбогата музичарка во светот и втора по Опра Винфри како најбогата жена во забавната индустрија. Но, не е нејзината музика тоа што ја направи толку богата. Најголемиот дел од нејзиното богатство (околу 1,4 милијарди американски долари) доаѓа од вредноста на компанијата „Fenty Beauty“, од која „Форбс“ потврдува дека Ријана поседува 50%. Голем дел од остатокот од богатстово ѝ е заработено со нејзината компанија за долна облека, „Savage x Fenty“, вредна околу 270 милиони американски долари и успешната кариера како музичарка и актерка.

Историски гледано, женските брендови за мода и убавина ги промовираат европоцентрични и честопати нереални стандарди за убавина. Еден од клучевите за успехот на Ријана е тоа што се нејзината компанија продава производи за жени од сите форми, големини и нијанси на кожа, според консултантката за потрошувачи Шенон Којн.

„Таа беше една од првите брендови што излезе и рече: Сакам да разговарам со сите различни луѓе“, вели Којн. „Многу жени сметаа дека нема производи што ја застапуваат нивната нијанса на кожа. Достапно беше светло, средно, средно темно, темно. Сите знаеме дека тоа не е реалноста“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот