РИЈАНА: Не ни можев да замислам подобар партнер, подготвена сум светот да види што создадовме заедно

profimedia

Групата за луксузна стока LVMH во сопственост на Французинот Бернард Арноа, објави дека со пејачката Ријана оваа пролет покренува нова луксузна марка за облeка и кожна галантерија, чие седиште ќе биде во Париз.

Француската групација во чиј состав се Dior, Louis Vuitton, Fendy, Givenchy и Ријана се поврзаа со цел да создадат нова луксузна модна линија, соопшти компанијата LVMH.

Новата модна линија која ќе биде наречена „Fenty“ ќе започне со работа во мај или јуни, наведе компанијата.

Модната линија е концентрирана околу Ријана, таа ќе ја развива и ќе биде обликувана со нејзината визија за мода, облека и аксесоари, се наведува во соопштението.

Ријана, 31- годишната ѕвезда родена на Барбадос, веќе ги имаа линиите „Fenty Beauty“ и „Savage X Fenty“.

Ријана изјави во соопштението дека создавањето на модната линија со „LVMH“ е посебен момент за неа, пренесува АП.

„Не ни можев да замислам подобар партнер кога се однесува на креативноста и работењето и подготвена сум светот да види што се сме создале заедно“, наведе ѕвездата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот