Ријад Марез се бори за живот, се затурл со храна во Саудиска Арабија

Фото: Screenshot/Тwitter

Поранешната ѕвезда на Манчестер Сити, Ријад Марез пред десетина дена се венчаше, а во средата играше пријателски натпревар за Алжир, но сега според медиумите од Саудиска Арабија се бори за живот.

Медиумите во Саудиска Арабија пишува дека фудбалерот на Ал Ахли се затурл со храна во еден ресторан по што веднаш бил пренесен во болница. Анализите покажале дека се здобил со бактерија на желудникот и наводно состојбата била сериозна.

Информациите се дека Марез се бори за живот и дополнителните прегледи би требало покажат за каква бактерија се работи.

Пред десетина дена Марез се венчаше со Тејлор Ворд. На свеченоста беа присутни и децата на фудбалерот од претходниот брак.

Во текот на денот се очекуваат повеќе информации за состојбата на Марез.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот