Ријад ќе организира тениски спектакл со Ѓоковиќ и уште пет тенисери

Фото: EPA-EFE/MAST IRHAM

Според најавите на повидок е тениски спектакл со најдобрите тенисери на денешницата кој би се одржал во Ријад.

Медиумите во Саудиска Арабија најавуваат турнир кој ќе го носи името „6 Kings Slam“, тоа би било турнир на шест тениски ѕвезди меѓу кои секако ќе биде за многумина најдобриот на сите времиња, Новак Ѓоковиќ.

Саудиска Арабија вложува во спортот и веќе доби организација на неколку големи настани, таму ќе се игра Мундијалот во 2034, веќе се играат завршниците на суперкуповите во Шпанија и Италија, Дакар релито, боксерскиот спектакл меѓу Фјури и Усик...

Тенискиот турнир би бил од егзибициски карактер, меѓутоа се шпекулира дека тоа е само вовед во турнир кој подоцна би можел да биде и дел од Мастерс серијата 1000. Најавите се дека на првото издание на овој турнир покрај Новак Ѓоковиќ ќе учествуваат: Рафаел Надал, Карлос Алкараз, Јаник Синер, Данил Медведев и Холгер Руне.

Ќе потсетиме кон крајот на годината Ѓоковиќ и Алкараз веќе одиграа егизбициски меч во Саудиска Арабија, тој меч му припадна Алкараз.

ВИДЕО | Ивановски му се заблагодари на Ѓоковиќ: Беше задоволство да се дели теренот со тебе

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот