ВИДЕО | Ивановски му се заблагодари на Ѓоковиќ: Беше задоволство да се дели теренот со тебе

Новак Ѓоковиќ и Калин Ивановски/фото: instagram.com/kalin_ivanovskii

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски во Дубаи, Обединети Арапски Емирати, ги поминува подготовките за новата натпреварувачка сезона.

Имаше чест и задоволство вкупно 10 дена да тренира и со моментно најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ и да го поминува слободното време со српскиот ас.

Ивановски, 326 место на АТП листата, преку социјалните мрежи му се заблагодари на Ѓоковиќ:

– Сакам да му се заблагодарам на Ѓоковиќ и неговиот тим за овие 10 неверојатни денови. Беше задоволство повторно да се дели теренот со тебе – стои во објавата на Ивановски.

На видео записите на Инстаграм профилот на Ивановски можете да погледнете и дел од тренинзите со Ѓоковиќ:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот