Рибари ловеле лигњи, а се вратиле со прасе

Откако биле извадени од траектот прасето побегнало во шума, а сопственикот три дена се обидувал да го најде.

При лов на лигљи, хрватски рибари од Јадранското море се вратиле со необичен плен – црно славонско прасе прасе.

Според хрватските медиуми, прасето од видот црна славонска свиња се обидело да побегне од островот Силба, откако неколку дена претходно таму било пренесено заедно со уште десет свињи.

Откако биле извадени од траектот прасето побегнало во шума, а сопственикот три дена се обидувал да го најде.

Прасето било пронајдено од страна на рибари кои ловеле лигњи, откако било забележано како плива кон островот Иловик.

На прв поглед рибарите помислеле дека станува збор за дива свиња, но кога се увериле дека станува збор за домашно прасе го повикале сопственикот за кого знаеле дека увезува црни славонски свињи.

Прасето е вратено на островот, но се разболело поради големата количина на морска вода која ја испило. Поради откажување на дел од органите, сопственикот решил да му ги скрати маките.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот