Резервистот од Мејн сѐ уште е во бегство, полицијата трага на целиот јужен дел од американската сојузна држава

Пукање во Мејн / Фото EPA-EFE/CJ GUNTHER

Воениот резервистот од  Мејн кој уби најмалку 18 и рани 13 луѓе во синоќешното пукање во градот Левистон, се уште е во бегство, пренесуваат светки новински агензии. Потрагата по 40-годишниот Роберт Кард е проширена на целиот јужен дел на оваа американска сојузна држава.

Во меѓувреме, државните училишта во округот се затворени, а на жителите на Левистон и на соседните градови Лизбон и Баудојн, каде што живее убиецот се предупредени да не излегуваат надвор.

„Ова е мрачен ден за Мејн. Роберт Кард се смета за опасен и вооружен и полицијата советува да не му се приближувате во никакви околности“, изјави гувернерката на Мејн, Џенет Милс.

Државната полиција пронајде бело теренско возило, со кое, како што верува, Кард се одвезол до местото на настанот,  оддалечен 11 километри од Луистон.

Кард е инструктор за оружје обучуван во воената база во Сако, Мејн. Тој летоска две недели престојувал во установа за ментално здравје откако се пожалил дека слуша гласови и има други психички проблеми и се заканил дека ќе пука во базата. Од американската војска кажаа дека Кард никогаш не учествувал во борбени дејства откако бил регрутиран во 2002.

Тој прво упаднал во кугларница, каде што убил една жена и шестмина мажи, а потоа пукал во еден ресторан, убивајќи осуммина мажи на самото место. Тројца од ранетите им подлегнале на повредите во болница.

Луистон има 38.000 жители и е вториот по големина град во Мејн. Оваа држава има лабави закони за оружје, кое може да се купи без да се поседува дозвола.

Пукањето во Мејн е 36. масовно убиство во САД оваа година, во кои се убиени 188 луѓе, не вклучувајќи ги напаѓачите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот