РЕШЕНА МИСТЕРИЈА СТАРА 77 ГОДИНИ: Пронајдена подморница која исчезнала за време на Втората светска војна

Подморница. / Фото: Профимедиа

Остатоци од британска подморница која под неразјаснети околности исчезнала во текот на Втората светска војна, биле пронајдени по 77 години, јавуваат медиумите на Островот.

Подморницата HMS Urge испловила на 27 април од Малта и се упатила кон египетското пристаниште Александрија. После само два дена и се загубила секоја трага.

За нејзиното исчезнување постоеле различни теории, а пред неколку години еден нуркач тврдел дека остатоци од оваа подморница забележал недалеку од либиското крајбрежје.

Тоа уште толку ги збуни заинтересираните за судбината на Urge, во однос на тоа дека местото на пронаоѓање е многу далеку од предвидената рута на подморницата.

Потрагата ја иницирал внук на командантот на подморницата

Сепак, на крај се покажало дека Urge не отпловила многу далеку од Малта. Научниците ја лоцирале подморницата, потоната, недалеку од пристаништето од кое испловила.

Но, прашање е дали воошто ќе се случело ова откритие да не бил внукот на командантот во подморницата, кој направил се за да се започне и реализира оваа потрага.

Потрагата почнала уште во 2017 година, откако Францис Дикинсон стапил во контакт со научници од Малта и ги заинтересирал со својот проект.

Две години потоа, мисијата е успешно завршена со тоа што е пронајдена подморницата исчезната пред полни 77 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот