Републиканците во Сенатот им ги расипаа плановите на демократите

Фото: МИА

Републиканците во американскиот Сенат го блокираа двопартискиот пакет за границата, со што завршија повеќемесечните преговори со демократите за законот наменет за намалување на рекордниот број на илегални преминувања на границите. Законот содржи и голем пакет помош за Украина, која сега исто така пропадна.

Според голем број републиканци компромисот за изборната година не е доволен, иако поддржувачите на законот инсистираа дека тоа е најдоброто можно решение со оглед на поделбите меѓу републиканците и демократите.

За донесување на законот беа потребни 60 од 100 гласа, но 49 гласа беа против.

Повеќето републиканци најавија дека ќе гласаат против нацрт-законот, кој исто така вклучува 60 милијарди долари воена помош за Украина и 14 милијарди долари за Израел и е поддржан од претседателот Џо Бајден.

Републиканските пратеници инсистираа парите за конфликти во странство да се усогласат со помош за границата со САД.

Претседателот Џо Бајден остро ги нападна републиканците во Конгресот откако тие го блокираа двопартискиот договор за границата и пакет помошта за Украина и за Израел.

Тој истакна дека „никогаш не помислив дека ќе видам нешто слично на она што го гледаме сега“ на Капитол Хил и го обвини својот противник, поранешниот претседател Доналд Трамп.

– Републиканците се откажуваат од договорот бидејќи Доналд Трамп почна да им се јавува и да им се заканува, наведе Бајден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот