Ременски: Вељаноски претставува безбедносен ризик

Пратеничката од СДСМ, Фросина Ременски, на денешна прес конференција во Собранието го повика Трајко Вељаноски да си даде отказ од функцијата претседател на Комисијата за надзор на работата на службите за државна безбедност во Собранието.

– Имаме морализирање на статусот на Павле Богоевски на неутврдена вина, наспроти статусот на пратеникот Трајко Вељаноски кој е под сомнение и при крај на поведување на обвинителен акт заради здружување во непријателска дејност против државата за настаните од 27 април – изјави Ременски.

Таа додаде дека тоа не исправа пред една многу посериозна дилема од аспект на тоа дали имателот на безбедносен сертификат за државна тајна може и треба да гледа строго класифицирани извештаи за работата на токму тие служби кои ги обезбедиле доказите против него.

– Дополнително на ова, тој ќе определува кои двајца членови, пратеници, ќе учествуваат во постапката за селекција на кадри на управата – објаснува Ременски.

Пратеничката го повика Вељаноски да си поднесе оставка од Комисијата за надзор бидејќи, според нејзе, не е достоен да ја врши таа функција и претставува безбедносен ризик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот