Рекордите кои Ѓоковиќ може да ги сруши ако денес го освои Вимблдон

Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз денес ќе се сретнат во финалето на Вимблдон кое започнува од 15:00 часот, а во овој меч Ѓоковиќ може да сруши неколку рекорди.

Победникот неделата ќе ја започне како водечки тенисер на АТП листата и ќе го зголеми бројот на грен-слем титули. За Алкараз тоа би бил само втор откако претходно го освои УС Опен, додека Ѓоковиќ би продолжил да ги поместува границите.

Српскиот тенисер веќе е рекордер по бројот на освоени титули на грен-слем турнирите, а ако победи денес ќе стигне до неговата 24-та. Рафаел Надал има 22, Роџер Федерер 20. Ако стигне до 24 титули, Ѓоковиќ ќе го изедначи апсолутниот тениски рекорд. Исто толку освои Маргарет Корт во женска конкуренција во период од 1960. до 1973.

Понатаму, Ѓоковиќ против 15 години и 348 дена помладиот тенисер ќе го игра своето 35. грен-слем финале и така уште еднаш ќе испише страници во тениската историја. Во овој момент изедначен е со Крис Еверт со 34 настапи во мечевите за титула на грен-слем турнирите.

Победа на Ѓоковиќ ќе му донесе и изедначување со Федерер кој осум пати ја славеше титулата на овој турнир. Исто така, Ѓоковиќ кој е роден 22. мај 1987. година би можел да го сруши рекордот на Швајцарецот и да стане најстариот тенисер кој го освоил Вимблдон.

Со триумф Новак би ја започнал и 390. недела на врвот на АТП листата, рекорд кој исто така го поместува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот