Рекорден број заразени од Ковид-19 во Флорида и Тексас
Американската држава Флорида вчера пријави 12.000 нови случаи на коронавирус, петти ден по ред како бројот на регистрирани нови заразени надминува 10.000.
Препорачано
Досега во Соединетите Американски Држави како последица на Ковид-19 починаа повеќе од 140.000 луѓе пренесува „Гласот на Америка”.
Државите Флорида и Тексас, како и другите јужни или западни држави, секојдневно рушат рекорди во бројот на пациенти.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека земјата соодветно се справува со пандемијата на вирусот.
– Постојат помали и поголеми жаришта низ целата земја. Флорида се чини дека станува жариште, но работите ќе бидат под контрола, рече Трамп во интервју за телевизијата „Фокс”.
Тој го повтори своето тврдење дека вирусот ќе исчезне.
– На крај ќе бидам во право. Вирусот ќе исчезне и ќе бидам во право, рече Трамп.
Според универзитетот „Џонс Хопкинс”, во САД во неделата имало 3,7 милиони заразени со коронавирус – приближно ист број како и трите најпогодени земји по САД – Бразил, Индија и Русија.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
5час
-
6час
-
6час
-
6час
-
6час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


