Реформираниот поранешен затвореник бил подготвен да го „даде животот“ за да го спаси Лондон од експлозија

Фото: Принтскрин/BBC

Реформираниот поранешен затвореник кој успеа да го собори напаѓачот на Лондонскиот мост со апарат за гасење пожар изјави дека бил подготвен да го „даде животот“ за да ги заштити другите луѓе, пренесува Би-Би-Си.

Џон Крили, кој служел затворска казна поради убиство за време на грабеж, рече дека го нападнал Усман Кан иако верувал дека тој носи појас во кој има вградено експлозивна направа.

– Врескав кон него да ја активира бомбата. Бев подготвен да го загубам мојот живот – рече Крили.

Во моментот кога тој заедно со уште неколку луѓе се бореа со Кан на улицата, тој врескал кон полицаецот кој пристигнал на местото на настанот да го застрела напаѓачот. За среќа, напаѓачот роден во Стоук со пакистанско потекло не носеше експлозивна направа за време на нападот.

Во неговото прво интервју по нападот, Крили (48), раскажуваше за вознемирувачкиот момент кога вооружените полицијци се соочиле со човекот кој со нож напаѓаше луѓе на Лондонскиот мост.

– Изгледаше како да поминаа години пред да го застрелаат. Полицијата искористи додолг период и чекаа ја чекаа погодната ситуација, до моментот кога бев приморан да вреснам ‘застрелајте го’ – рече човекот кој јавноста во Британија го прогласи за херој.

Кан, кој беше обвинет терорист, уби две лица – Џек Мерит и Саскиа Џонс – и повреди три други кога на 29 ноември со нож започна да напаѓа невини луѓе.

Крили и другите лица кои се обидеа да го спречат Кан искористија различни импровизирани оружје додека се обидуваа да спречат уште повеќе жртви.

На прашањето дали терористот напаѓал одредени луѓе, Крили вели дека тој не бирал и дека ги напаѓал сите кои ќе ги види.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот