Фото: Икс

Речиси 4.000 повредени и над 20 загинати Израелци во иранските напади врз земјата

Речиси 4.000 Израелци се повредени и однесени во болници од почетокот на војната со Иран, соопшти Министерството за здравство на земјата.

Министерството на платформата Икс соопшти дека се регистрирани 3.924 повредени луѓе од кои 79 се хоспитализирани со потешки повреди. Исто така ресорното министерство наведува дека од иранските напади починати се вкупно 22 лица, објави Анадолу.

Во изминатите 24 часа, болниците примиле 177 повредени луѓе, вклучувајќи едно лице кое било во сериозна состојба, соопшти Министерството.

Рано утрово, израелските служби за вонредни ситуации објавија дека уште едно лице настрадало, а петмина други биле повредени кога иранска ракета го погодила регионот Шарон во Централен Израел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот