РЕЧЕНИЦИ КОИ МОЖАТ ДА ГО ПОДОБРАТ СЕКСУАЛНИОТ ЖИВОТ: Дали често ги слушате од својот партнер?

profimedia

Вашиот сексуален живот може да стане уште подобар, а важно е жената да се чувствува самоуверено и добро во своето тело.

Кој не сака комплименти? Според истражувањето објавено во магазинот Journal of Sex and Marital Therapy, постои одреден комплимент кој значително ќе го подобри сексуалниот живот.

Станува збор за позитивни пофалби поврзани за изгледот. И жените кои веќе се задоволни со изгледот на своето тело, признале дека сексуалниот живот прилично им се подобрил кога партнерот им давал комплименти во врска со изгледот.

Научниците велат дека позитивното мислење за телото и почитувањето на партнерот игра голема улога во врската и сексуалниот живот. Тоа значи: колку повеќе жената се чувства ценета во своето тело, толку е посреќна и посамоуверена.

Кај сексот првенствено станува збор за меѓусебна доверба, а кога жената ќе забележи дека му е привлечна на партнерот, тогаш расте и сексуалната страст, тврдат експертите.

Меѓутоа, комплиментот треба да биде искрен, бидејќи само тогаш може да делува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот