Рецепт за вистинска кафеанска телешка чорба

Кога ќе дојдат студените зимски денови, најдобро решение за ручек е чорба, а највкусна е телешката, кафеанска. Освен што ќе ви ги „згрее“ душата и телото, оваа кремаста чорба е полна со витамини и минерали.
Состојки:
– 500 грама телешко месо
– 1 кромид
– 1 корен од целер, пашканат
– 2 моркови
– 2 компири
– 2 лажици брашно
– 1 жолчка од јајце
– 1 ловоров лист
– 1 лажица сечкан магдонос
– 250 мл кисела павлака
Подготовка:
Кромидот ситно исечкајте го, па динстајте го во масло. Додајте го месото исечено на коцки (и коски, ако има), налијте со вода и динстајте на тивок оган околу еден час.
Ако течноста испари, додадете уште вода.
Додадете го зеленчукот исечкан на коцки, посолете, побиберете, па сипете 2 литра вода.
Направете и запршка од две лажици брашно, па заедно сѐ гответе уште околу половина час.
Пред сервирање, во готовата чорба измешајте ја павлаката со изматената жолчка и посипете со ситно сечкан магдонос. По желба, телешката чорба може да се закисели со оцет или со сок од лимон.