Рецепт за летна проја со тиквички, готова за половина час

проја
Фото: Профимедиа

Пројата е чест избор за појадок или вечера кога не знаеме што друго да подготвиме. Од причина што знаеме дека со неа нема грешка, дека секогаш е вкусна и секогаш идеална за јадење.

Секако, најубава е кога се јаде топла, штотуку испечена, но е одлична и кога ќе се излади.

Меѓутоа, поради тоа што деновиве се големи горештини, никој не сака долго време да поминува во кујната.

Сепак, ако копнеете по вкусот на проја, размислете да го пробате рецептот за летна проја со тиквички која ќе ја подготвите за кратко време и ќе може да уживате во нејзиниот неповторлив вкус.

Состојки:

– 500 грама тиквички
– 2 децилитри јогурт
– 4 јајца
– 1 шоља пченичен гриз
– 1 шоља пченкарен гриз
– 1/3 шоља масло за јадење
– 1 прашок за печиво
– сол
– сирење (по желба)

Подготовка:

Пред да ја започнете подготовката на пројата, прв изрендајте ги тиквичките, посолете, па оставете ги да отстојат, да пуштат вода.

Потоа изгмечете ги и исцедете ги од водата.

Додадете ги јајцата, јогуртот и двата видови гриз, прашокот за печиво, па сѐ измешајте и добро изедначете ја смесата.

Ставете ја пројата во претходно премачкан плех со масло и печете на 180 степени Целзиусови околу 30 минути.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот