РЕЦЕПТ | Мухамара – егзотичен, преквусен и хранлив намаз

Фото: Instagram

Мухамара е хранлив намаз со потекло од сирискиот град Алепо. Се прави со комбинација од печени црвени пиперки, маслиново масло и мелени ореви. Во намазот често се додаваат сок од лимон, киселина од калинка, лук и сол. Традиционално се подготвувал во аван, но со модерните апарати текстурата може да варира. Обично се служи поединечно во мали чинии или во поголеми чинии, кога се консумира заеднички.

Свежо печен пита леб е задолжителна придружба на мухамарата која обично се сече во триаголници и се користи како „прибор“ за директна консумација. Овој намаз често е дел од мезе и се служи заедно со баба гануш, лабне или хумус, но исто така често се користи како намаз за сиров зеленчук или сос што ги придружува јадењата од месо и риба на скара.

Потребни состојки:

– 3 големи црвени пиперки
– 1 чаша плус 1 лажица ореви, поделени
– 3 лажици киселина од калинка(нар), дополнително за гарнир
– 2 лажици маслиново масло
– 3 чешниња лук, излупени
– 1 лажица свежо исцеден сок од лимон
– 1 лажичка мелен ким
– 1 лажичка сол
– 1 лажичка црвен пипер
– 1/2 чаша лебни трошки

Фото: Instagram

Начин на подготовка:

Испечете ги пиперките и излупете ги. Ставете 1 чаша ореви, киселина од калинка, маслиново масло, лук, сок од лимон, ким, сол и бибер и црвен пипер во процесор за храна/блендер. Мешајте додека да се соедини. Исчистените пиперки додадете ги во процесорот за храна и измешајте заедно додека смесата не се изедначи. Додадете ги лебните трошки и пулсирајте додека не се соединат. Ако смесата не е доволно густа, додадете малку повеќе лебни трошки и ако е премногу густа, додадете малку повеќе маслиново масло и сок од лимон. Мухамарата послужете ја во чинија и полијте со киселина од калинка, украсете со семки од калинка и 1 лажица сецкани ореви.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот