Реал Мадрид потпиша нов договор и со Камвинга

Фото: Real Madrid C.F.

По Бразилците, Родриго и Винисиус Жуниор, нов договор со Реал Мадрид постигна и младиот Французин, Едуард Кавинга.

Камвинга ја продолжи соработката со Реал Мадрид до 2029 година и од него очекувањата на навивачите се навистина големи.

Потврдата за новата соработка ја објавија „кралевите“ на своите официјални канали.

„Реал Мадрид и Камавинга се договорија за продолжување на соработката според до 30 јуни 2029 година“, сопшти гигантот од Мадрид.

Камвинга иако има само 20 години веќе се смета за еден од најважните играчи во тимот на Анчелоти, а зад себе има 114 настапи во белиот дрес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот