Реал Мадрид е новиот шампион, Трајковски и Мајорка испаднаа од лигата (ВИДЕО)

фото: твитер

Во претпоследното 37 коло во најсилното шпанско првенство вечерва екипата на Реал Мадрид ја освои титулата, вкупно 34 во својата историја.

„Кралевите“ на домашен терен со 2:1 славеа против Виљареал, стрелец на водечкиот гол беше Бензема во 29 минута.

Французинот по вторпат се запиша во листата на стрелците во 77 минута, а гостите само успеаја да го ублажат поразот преку Ибора.

Барселона која беше најголемиот конкурент за тронот ги разочара фановите откако дома со 1:2 загуби од Осасуна. Хосе ја затресе мрежата на тер Штеген за 0:1, а во 62 минута за израмнување се погрижи Лео Меси.

Иако од 77 минута гостите беа со играч помалку поради црвениот картон на Енрик, во самиот финиш од средбата Торес ги донесе трите бода за Осасуна.

После Еспањол, и Мајорка официјално следната сезона ќе игра во понизок ранг, поточно Сегунда.

Денеска Мајорка претрпе нов пораз овојпат од Гранада (1:2), а македонскиот репрезентативец Александар Трајковски во игра влезе од 72 минута како замена за Баба, но во 88 минута беше заменет од Фебас.

Уште еден доказ зошто Арсенал го сака Барди (ВИДЕО)

Одличен настап имаше Енис Барди кој реализираше два голови во гостинската победа над Селта Виго (2:3).

Уште еден интересен податок, на седум од денешните 10 натпревари во „Ла Лига“ беа покажани дури 10 црвени картони.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот