Разводот сепак нема да биде „безболен“: Манекенката и актерот наидоа на голема препрека

Супермоделот Ирина Шајк и холивудскиот актер Бредли Купер неодамна одлучија дека повеќе не можат да живеат заедно, а иако до неодамна се чинеше дека разводот ќе биде „безболен“, сега се чини дека сепак тие ќе го вкусат рецептот од разводот на славниот холивудски пар Џоли-Пит.

Имено, како што пишуваат странските медиуми, точката за расправија би можела да биде заедничкото старателство над двегодишната ќерка.

Парот одлучи дека ќе бидат заеднички старатели на нивната двегодишна ќерка, Леа. Меѓутоа, се чини дека тоа засега би можело да биде сериозен проблем.

И додека Бредли сака Леа да живее со него во Лос Анџелес, Ирина сака со ќерката да живее во Њујорк.

Кога на тоа ќе се придодаде фактот дека тие двајца многу патуваат поради природата на својата работа, јасно е дека до договор тешко ќе дојде.

На почетокот проблеми немаше, бидејќи Бредли одлучи дека ќе и се посвети на ќерката со која претходно не поминувал доволно време поради снимањето на филмот „Ѕвездата е родена“ со Лејди Гага, која медиумите ја посочија како „главен виновник“ за разводот на познатиот пар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот