Развеселување за овие темни времиња: АББА го објави својот трет нов сингл „Just A Notion“

абба
Фото: Принтскрин / Instagram

По едно од најнестрпливите враќања на музичката сцена, бендот Абба денес го објави својот нов сингл „Just A Notion“, кој е симпатично враќање во музичкото минато.

Се работи за третиот сингл на бендот од нивниот нот албум „Voyage“, кој ќе излезе на 5 ноември, а ќе биде издаден од Капитол Рекордс. Снимен е во студиото на Бени во Столкхолм, Риксмикснингсверкет, а ги вклучува и претходно издадените синглови „I Still Have Faith In You“ и „Don’t Shut Me Down“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ABBA (@abba)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ABBA (@abba)

Песната „Just A Notion“ потсетува на старите години на АББА, и со причина, бидејќи била снимена во септември 1978 година, некаде помеѓу албумите „The Album“ и „Voulez-Vous“, но тогаш било одлучено да не биде дел од тогаш новиот албум.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ABBA (@abba)

Новата снимка има ново наснимана музика во позадината, со додадени тапани и гитари, но сите вокали се од оригиналните снимки од 1978 година, со што се прикажува кои им се плановите за насоката во која сакаат да ја водат АББА со „Voyage“ во 2022 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ABBA (@abba)

Минатиот месец четворицата членови на бендот потврдија дека ќе се вратат на музичката сцена по скоро 40 години, и со нов албум и револуционерен концерт на кој тие ќе настапат како дигитални аватариво нивната „АББА Арена“ изведена токму за нив во паркот „Queen Elizabeth Olympic Park“, a билетите ќе влезат во продажба на 3 ноември.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ABBA (@abba)

„ABBA Voyage“ ќе биде отворен на 27 мај 2022 година, а дотогаш „Just A Notion“ е интересно среќна песна која надежно ќе развесели во овие темни времиња.

 

 

Видео на денот