Централен комитет вмро-дпмне гото: ВМРО-ДПМНЕ

Разрешени се двајца претседатели на општински комитети: ВМРО-ДПМНЕ почна подготовки за редовниот Конгрес

На Централниот комитет била донесена одлука за разрешување на Илија Стоилев од местото претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Свети Николе, по случајот на злоупотреба на средства во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Централниот комитет на ВМРО–ДПМНЕ синоќа одржа седница на која беа донесени повеќе значајни одлуки поврзани со подготовките за претстојниот редовен партиски Конгрес, закажан за 6 декември во Кавадарци.

„Беше донесена одлука за избор на делегати кои ќе учествуваат и одлучуваат на Конгресот. На Конгресот ќе учествуваат над 800 делегати, а генералниот секретар Ѓорѓија Сајкоски беше овластен да ја утврди конечната листа на делегати согласно статутот на ВМРО-ДПМНЕ. Притоа беше формиран и организациски одбор кој треба да го подготви Конгресот“, се наведува во соопштението од ВМРО–ДПМНЕ.

На Централниот комитет била донесена одлука за разрешување на Илија Стоилев од местото претседател на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Свети Николе, по случајот на злоупотреба на средства во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Исто така била донесена одлука за разрешување на Гоце Стоиловски од местото претседател на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Македонска Каменица.

На Централниот комитет станало збор и за резултатите од последните локални избори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот