Разрешен директорот на Управата за извршување санкции Спасовски

Знамето на НАТО пред зградата на македонската Влада
Знамето на НАТО пред зградата на македонската Влада / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Владата на денешната седница го разреши Марјан Спасовски од должноста директор на Управа за извршување на санкциите, соопштија од владината служба за информирање.

Како што претходно беше најавено, Спасовски е разрешен поради незадоволството од состојбата на затворскиот систем во земјава, а разрешувањето уследи само неколку денови по спектакуларното бегство на осудениот убиец Беким Мемети при неговото спроведување од КПУ „Идризово“ кон Ургентниот центар „Мајка Тереза“. За тоа кој ќе го наследи Спасовски на функцијата, засега, нема информации.

Освен за оваа, од Владата известија дека Вангелија Велева е именувана за директорка на Педагошката служба, по претходно отворен јавен оглас на кој што таа била единствен уредно пријавен кандидат.

Владата ја разгледала и усвоила и информацијата од Министерството за информатичко општество и администрација, за извршени преговори со Владата на Државата Израел, за соработка во областа на електронски комуникации и поштенски услуги и го разгледа и прифати усогласениот текст на Договорот.

Разгледана била и информацијата за изработка на проект за реконструкција и ревитализација на Старото училиште „Димитар Влахов” во село Љубојно и за негова адаптација во Центар за промоција на македонскиот јазик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот