Разбојник со нож во рака ограбил обложувалница

Грабежот се случил во локал на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје.

Дваесет и осумгодишен жител на Скопје заработи обвинителен акт од Основното јавно обвинителствоза кривично дело разбојништво.

Според обвинителниот кат, тој на 20 септември минатата година влегол во обложувалница на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје, носејќи кујнски нож со сечиво од 15 сантиметри во десната рака.

Ножот го вперил кон вработен во обложувалницата и му се заканил дека ќе го повреди ако не му ги даде парите од дневниот промет. Вработениот се исплашил и ги отворил фиоките, ги извадил парите и му ги ставил во ќесата што ја носел обвинетиот. По ова, разбојникот со 15.000 денари во рака избегал од обложувалницата, а два месеца по грабежот бил откриен од полицијата.

Прочитајте и...  Скопјанка почина откако во неа удри автомобил

Заменик на републичкиот Јавен обвинител од судија на претходна постапка достави посебен предлог со кој побара на разбојникот да му биде продолжена претходно определената мерка притвор.

Поврзани вести

Претреси и апсења во Кондово

Слободен печат

Приведен скопјанец кој од семејна куќа украл пари и злато

Слободен печат

Скопјанка почина откако во неа удри автомобил

Слободен печат

Тетовци фатени со кокаин

Слободен печат

Две лица повредени во сообраќајка кај Струмица

Слободен печат

Во викендичка запленета марихуана и пиштол

Слободен печат

Остави Коментар

MacedonianAlbanian