Раст на корупцијата во Русија

Москва, Русија
Москва, Русија / Фото: EPA-EFE/FELIPE TRUEBA

Корупцијата во Русија годинава е зголемена за 16,5 отсто во споредба со 2020 година, јавија руски медиуми повикувајќи се на документ од руското обвинителство за состојбата со криминалот во земјата.

Податоците покажуваат дека во 2021 година има околу 24.500 корупциски случаи, што е највисока бројка во изминатите осум години.

Околу половина, односно 12.100 случаи се поврзани со мито, и тие се за 27,4 отсто повеќе од минатата година. Најмногу вакви случаи има во регионите Санкт Петербург, Перм и Ставропол.

Минатата година, „лидери” во земање поткуп биле Москва, Татарстан и територијата на Ставропол.

Според официјалните податоци, во август штетата изнесува 39,4 милијарди рубљи, наспроти 32,4 милијарди во 2020 година. Претходно, руското обвинителство објави дека за цела 2020 година штетата од корупција изнесувала околу 63 милијарди рубљи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот