Распишана меѓународна потерница за Анџело Ѓоргиевски за убиството на Денис Тот

Анџело Ѓоргиевски
Анџело Ѓоргиевски

Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница покрај централниот распис за Анџело Ѓоргиевски, роден на 13 јануари 1994 година во Скопје, каде и живее на улица број 9 број 5 во село Волково. Тој се бара по наредба број 1211/22 од 12 април на ОЈО Скопје, поради основано сомневање за сторено кривично дело убиство.

Ѓоргиевски е првоосомничен за убиството на 28-годишниот ракометар од Хрватска Денис Тот, кого како што се гледа на снимките од безбедносните камери, пред дискотеката Привилиџ во градскиот парк, минатата недела го удрил, од што ракометарот паднал на асфалтот и се здобил со смртоносни повреди на кои подоцна им подлегна на КАРИЛ.

За убиството на Денис Тот во триесетдневен притвор се една девојка и едно момче. Не е познато дали Анџело Ѓоргиевски ја напуштил Македонија, меѓутоа доколку тоа го сторил, сомнежите на истражните органи се дека тоа би морал да го стори илегално, со оглед на тоа што неговите податоци не фигурираат во официјалните бази на граничните премини.

За Анџело Ѓоргиевски словенечките медиуми пишуваат дека е гонет и за производство на психотропни супстанци, односно дрога која што е позната меѓу посетители во ноќни клубови. Во 2016 година, во Марибор, Анџело удрил во пет паркирани автомобили и избегал од местото на настанот. Кога полицијата го нашла, пронашла и мини фабрика за синтетички дроги.

Осомничениот убиец на Денис Тот во Словенија имал мини фабрика за дрога популарна во ноќни клубови

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот