Расата на вашиот домашен миленик ја открива вашата личност

pixabay

Не е клише, но луѓето избираат кучиња што најдобро ја рефлектираат нивната слика за себе.

Честопати сме изненадени кога гледаме колку кучето може да личи на неговиот сопственик. Понекогаш тоа е само физичка сличност, друг пат кучињата и сопствениците имаат тенденција да имаат слична личност: не е клише, но луѓето избираат кучиња што најдобро ја рефлектираат нивната слика за себе.

Секако, кога ќе одлучите да земете куче, тоа го правите компатибилно со вашите ритми на живот и со секојдневните постапки. Однесувањето на кучето е обликувано според нашиот начин на дејствување, па затоа начинот на живот на сопственикот влијае на однесувањето на кучето. Воспоставена е вистинска емпатичка врска помеѓу двајцата.

Но, исто како што луѓето имаат различни карактеристични одлики, дури и расите на кучиња се разликуваат по карактер, склоности и навики и речиси секогаш изборот на куче паѓа на раса која има иста личност како сопственикот; затоа е лесно да се разбере карактерот на една личност, само погледнете ја расата на неговиот верен пријател!

Ги претставуваме главните раси на кучиња кои откриваат различни личности. Кое куче го избравте? Дали ја одразува вашата личност?

Ако имате ДАКЕЛ (познат како Јазавичар) вие сте упорни и доминантни

Ако имате дакел, вие сте личност со цврст и одлучен карактер, исто како вашиот пријател со четири нозе, кој и покрај неговата големина, има многу респектабилен карактер. Вашата личност, всушност, е доминантна и не сакате кога работите не одат како што мислите дека треба да одат. Како и да е, вие сте исто така личност со голема издржливост и одлучност и никогаш не паѓате во очај. Ако нешто тргне наопаку, барате друго решение. Но, никогаш не се предавате.

Ако имате БУЛДОГ вие сте приврзани, лојална и љубезна личност

Со пријателите вие ​​сте одличен слушател. Вие сте исто така совесни, трпеливи, секогаш излегувате во пресрет, доброчудни сте и заштитнички ориентирани. Но, сепак не сте многу спортски тип. Напротив, вие сте љубител на седентарен живот, удобност и добра храна, понекогаш сте алчни и многу ви е тешко да држите диета.

Ако имате ТЕРИЕР вие сте отворена и избалансирана личност

Ништо не може да ве вознемири и, дури и ако не се согласувате со одредени работи, не дозволувате да влезете во конфликт, затоа што претпочитате да бидете дискретни. Вие сте жилава, нескротлива и многу сигурна во себе личност, но во исто време можете да бидете многу пријателски расположени со сите. Обдарени сте со „слонова меморија“ и не заборавате ништо, дури и незначителен настан во животот го паметите по неколку години. Во работата сте големи индивидуалисти.

Ако имате ГЕРМАНСКИ ОВЧАР вие сте лојална и заштитничка личност

Ако имате германски овчар, вие сте личност која има тенденција да биде многу лојална и заштитничка кон оние што ги сакате. Вашите пријатели знаат дека секогаш можат да сметаат на  вас и на тоа дека сте секогаш достапни за секого. Но, во исто време и вие барате безбедност и заштита кај другите. Стабилни сте, со цврст став, и можеби поради оваа причина вашата природа не е особено креативна. Може да се дефинирате како прототип на најдобриот пријател.

Ако имате МОПС оптимисти сте и безгрижни

Ако имате мопс, вие сте многу духовита, забавна и дружеубива личност која го живее животот со оптимизам и леснотија. Многу излегувања, имате голема способност да ги насмеете другите и да им дадете добро расположение. Вие навистина уживате да бидете во друштво на други луѓе и страшно страдате од осаменост. Обдарени сте со силно „шесто сетило“ кое за вас е спас бидејќи е внатрешен глас што зборува во вас дури и пред вашата рационалност и ви помага да ги надминете тешките моменти.

Ако имате Џек Расел вие сте диманични и забавни

Ако имате Џек Расел, прекарот „немирко“ и вам одлично ви прилега (исто како и на ова куче). Како вашиот четвороножен пријател, едно мислите, а друго правите. Не сакате да бидете во мирување. Всушност вие сте многу динамична, весела, жива, спортска и силна личност. Вие сте исто така многу паметни, интелигентни, супер-активни и пријателски расположени. Во ваше друштво, забавата е загарантирана затоа што е практично невозможно да се досадувате.

Ако имате САМОЈЕД вие сте витални и секогаш достапни

Вие сте личност исполнета со живот, весела, радосна, секогаш љубезна и корисна за секого, личност која никогаш не се заморува да им помага на другите. Инаку сте многу чувствителни и може да забележите и најмала варијација на карактерот кај оние околу вас. Забележувате работи што никој не би ги забележал и, дури и кога изгледате расеано, секогаш сте присутни. Покрај тоа што сте будни и внимателни, вие сте и многу интелигентни и далекувиди. Друга карактеристика на вашата личност е тоа што сте исто така многу совесни, особено во одбраната на работите кои ги имате или луѓето за кои се грижите и кои ги сакате.

Ако имате ЛАБРАДОР вие сте спокојни и љубители на семеен живот

Ако имате Лабрадор, вие сте личност која го сака семејството и спокојството. Вие сте исто така многу сигурни, со вродена склоност кон стабилни врски и имате многу пријатна личност и одличен однос кон оние околу вас. Имате многу активен социјален живот затоа што обожавате да се опкружувате со топли луѓе и вие сте магнет за социјални дружења. Сакате физичка активност, но исто така сте љубител на релаксација и на мигови кога буквално не правите ништо.

Ако имате БИГЛ вие сте одлучни и тврдоглави

Ако имате Бигл, вие сте неверојатно љубопитна личност и ненаситно стимулирани од новите вести. На прв поглед, можеби изгледате резервирано или отсутно, но во реалноста вашата душа е добра и сакате да живеете без да се мешате во туѓи животи, како и да сеете позитивна енергија. Емоционално сте стабилна, мирна и доследна личност. Вие сте исто така многу одлучни и тврдоглави: кога ќе ставите нешто во главата веќе нема начин да го заборавите.

Ако имате СЕТЕР вие сте вообразени и расеани

Ако имате Сетер вие сте многу жива, весела, динамична личност, но исто така малку непостојана и, на моменти, несигурна. Вие сте личност со големо срце, но често расеана и затоа не ги сфаќате потребите на другите. Но пријателите ве сакаат и кога сте расени и вообразени, затоа што знаат дека не го правите тоа од подлост. Давате големо значење на естетиката и елеганцијата и сакате да заземете „горделив“ став.

Ако имате ПИТБУЛ вие сте чувствителна и емпатична личност

Ако имате Питбул, вие сте многу чувствителна личност, дури и ако не сакате премногу да им ја покажувате својата слабост на другите. Секогаш сакате да имате некој покрај вас, да ги доверувате вашите проблеми на најблиските и – очекувате тие да ве утешат со своето силно присуство. Всушност, дури и ако случајно заземете тврд став кон другите, во реалноста вие сте емпатична, разумна, па дури и малку наивна личност. Бидете претпазливи да не ги идеализирате луѓето кои не заслужуваат.

Ако имате БАСЕТ имате повеќе различни интереси

Ги сакате удобностите во животот, сакате да се опуштите или да поминувате време испруени на софата гледајќи телевизија, но во исто време сте многу динамични и сакате да излегувате на чист воздух, да спортувате, се нафаќате на различни активности.  Накратко, вашите интереси се бројни и шаренолики, од друга страна пак, сте смирени и имате многу остар ум и жива интелигенција што ви овозможува да станете свесни за ситуациите во реално време. Знаете да бидете остри и многу тврдоглави и секогаш успевате да го добиете она што го сакате.

Ако имате ЧИВАВА вие сте самоиронични и дарежливи

Ако имате чивава, вие сте личност отворена за нови искуства, љбопитна и имагинативна. Ова се убави карактеристики, но во исто време знаете да бидете и малку „непослушни“. Всушност оваа раса на кучиња е идеална за необични и креативни сопственици. Вие не сте, како што можеби изгледате, површна личност која го цени статусот. Далеку од тоа. Наместо тоа, вие имате силен, но истовремено и самоироничен и дарежлив карактер.

Храбри сте, но не и агресивни ако имате БУЛ ТЕРИЕР

Точно како вашето куче кое и покрај физичкиот изглед не е од насилна природа, освен во случај на одбрана на својот господар од ситуација на голема опасност. Поради вашата неверојатна храброст сте многу почитувани од другите. Вие исто така може да бидете многу слатки и емпатични, способни веднаш да се поврзете со сите околу вас. Вашиот силен карактер ве прави многу доминантна, но секогаш со образование, без да бидете арогантни.

Динамична и спортска личност ако имате БОРДЕР КОЛИ

Ако имате Бордер Коли, вие сте, како вашето куче, динамична, спортска личност која е секогаш во движење и ги сака сите видови активности на отворено. Вашиот карактер е секогаш весел, друштвен и забавен. Се забавувате во друштво, но се чувствувате добро и кога сте сами. Секако, не правејќи ништо не можете  ни пет минути, така што секогаш наоѓате нешто за што да се грижите. Всушност, имате вродена желба да играте, но и да работите. Важно за вас е никогаш да не застанете во место.

Ако имате КОКЕР вие сте слатка и пргава личност

Ако вашето куче е Кокер,  вие сте љубител на домот и семејството. Вашиот лик е сладок, весели сте и разиграни. Вие сте многу приврзана личност и секогаш барате компромис. Никогаш не тврдите дека имате право да бидете во право, но претпочитате секогаш да го слушате мислењето на другите, а потоа да најдете заедничка точка. Токму оваа ваша карактеристика е многу ценета од луѓето околу вас.

Весела и разиграна личност ако имате МАЛТЕШКА ПУДЛИЦА

Ако имате Малтежанец, вие сте многу радосна, весела и спонтана личност. Вие сте многу приврзани за луѓето околу вас и го сакате нивното друштво – многу сте внимателни кон нивните потреби кои секогаш се обидувате да ги задоволите. По природа сте многу „послушни“, како вашето мало кученце, и лесно се прилагодувате на секоја ситуација. Вие сте вечно, разиграно и безгрижно детенце. Времето минува за секого, но не и за вас.

Одлучен и стабилен карактер ако имате ДАЛМАТИНЕЦ

Се грижите за вашиот изглед кој е секогаш многу одмерен, елегантен и чист. Вие сте исто така многу активна, енергична и прилично атлетска личност и сакате да бидете во форма. Сакате да бидете во друштво на пријатели и роднини и не можете да ја поднесете осаменоста што ви дава чувство на меланхолија и тага. Приврзани сте по природа, имате тенденција да бидете секогаш добро расположени и да бидете многу трпеливи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот