Рама го шокираше Советот на Европа со говорот за трговијата со органи на Косово, рече дека не постоела

Фото: EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Вистинска бура од реакции предизвика обраќањето на албанскиот премиер Еди Рама во Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) во Стразбур, кој речиси еден час посвети на Косово и Резолуцијата на ПССЕ од 2011 година за трговијата со човечки органи на Косово.

Откако накусо ја нагласи европската интеграција на неговата земја рече дека во Стразбур не дошол за да го осуди специјалниот суд за воени злосторници на Косово, создаден по извештајот на ПССЕ, туку да ја осуди дезинформацијата која доведе до тоа – односно обвиненијата дека постои трговија со човечки органи. Како што рече во обраќањето пред пратениците, оваа приказна била „лага многу убаво фабрикувана во Кремљ и многу добро спакувана и пласирана во храмот на човековите права(ПССЕ)”. Според него, 

иницијатор на оваа резолуција бил рускиот пратеник Козачев, кој потоа беше ставен на црната листа на САД. Истата таа инцијатива беше преземена од ПССЕ и со извештајот на ПССЕ изработен од швајцарски парламентарец и поранешен обвинител Дик Марти донесе резолуција. Сето ова, вели било базирано на „лага и дезинформација“, а како резултат на тоа Хашим Тачи, еден од поранешните лидери на УЧК сека е во затвор. „Такво злосторство не е направено”, повика Рама.

Во прилично емотивното обраќање, Рама го спореди однесувањето на Слободан Милошевиќ на Косово со тоа на Владимир Путин во Украина.

„Од тогаш поминаа 10 години и не е пронајден никаков доказ”, рече Рама изрази изненадување како Карла дел Понте како обвинител не успеа да најде докази и дека била спречена во тоа. Не е најдена и така наречената „жолта куќа“.

Тој побара од Белград да го признае Косово, или, како што порача да се нарекува „Косова” како независна држава, но ако на Белград му треба време за тоа, тој побара од Советот на Европа да го прими Косово во организацијата, со што би си направила услуга и самата Европа.

Обраќањето на Рама предизвика лавина реакции од пратениците. За повеќето од нив ова беше нетактичен, срамен и шокантен говор. 

Франк Швабе од Германија на пример, рече дека останал без зборови, бидејќи според него не е можно да се зборува 60 минути и да не можат да имаат дебата.

Елвира Ковач од Србија рече дека е шокирана од говорот на Рама, таа сакаше да постави прашање за Отворен Балкан, но тоа не може поради говорот која таа во изминатите 15 години не го има слушнато, бидејќи тој не кажа скоро ништо за неговата земја Албанија.

Рама возврати дека ја разбира емотивноста кај пратениците но, рече, не е сигурен дека критичарите разбрале за што зборували ги повика да го прочитаат извештајот повторно и повторно и ќе сфатат зошто е тука.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот