Ракометна „треска“: Бодрете ги и сениорките на патот кон СП!

Фото: РФМ

Потсетување дека влезот за овој меч е слободен за сите љубители на ракометот и воопшто спортот кои сакаат да ја дадат поддршката од трибините.

Противникот и пред ждрепката беше посакуван, но сениорките се свесни дека станува збор за една искусна селекција, но со желба и мотив може да се направат позитивни резултати.

На патот кон овој бараж двомеч, претходно во квалификациски турнир ракометарките на Симовски забележаа три максимални победи над Исланд, Турција и Азербејџан.

Фото: facebook.com/JovanaSazdov7ka

Реваншот во Целје ќе се одржи четири дена подоцна (6 јуни), а во продолжение погледнете ги составите на двете репрезентации за денешниот дуел:

Македонија: Антиќ, Гакидова, Е. Ѓеорѓиевска, Д. Ѓорѓиевска, Јовановска, Ливриниќ, Николиќ, Нилоловска, Нолевска, Петковска, Ристовска, Саздовска, Серафимовска, Штериова, Стојановска (Селектор Симе Симовски).

Судии на натпреварот се Лукас Фрисер и Радослав Кавулич од Чешка, а ЕХФ делегат е Светлана Обучина (Србија).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот