Рајан: СЗО не го препорачува „туристичкиот” Ковид пасош

Ковид-пасош
Ковид-пасош / Фото: mia.mk

Светската здравствена организација (СЗО) денеска повтори дека вакцинацијата едноставно не е достапна ширум светот и не е достапна врз фер основа.

Високиот официјален претставник на СЗО,Мајкл Рајан, рече дека таканаречените Ковид пасоши не треба да се користат за меѓународни патувања, поради големиот број проблеми, вклучувајќи ги и етичките причини, бидејќи вакцините против коронавирусот не се лесно достапни на глобално ниво.

Шефот за вонредни операции во СЗО  додаде  дека постојат „вистински практични и етички размислувања” за земјите што го разгледуваат прашањето за користење на сертификатите за вакцини како услов за патување, додавајќи дека Агенцијата за здравство на Обединетите нации засега не го препорачува.

-Вакцинацијата едноставно не е достапна ширум светот и не е достапна на фер основа, рече Рајан на брифинг со новинарите, пренесуваат американските медиуми.

СЗО претходно забележа дека се уште не е познато колку трае имунитетот од големиот број лиценцирани вакцини прогив ковид-19 и дека податоците се уште се собираат.

Рајан, исто така, истакна дека стратегијата може да биде неправедна кон луѓето кои поради некоја причина не можат да се вакцинираат и дека барањето Ковид пасош може да овозможи „неправдата и неправедноста дополнително да се вметнат во системот”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот