Радишани наскоро ќе добие нов спортско рекреативен центар

Жителите на Општина Бутел наскоро ќе добијат нов модерен спортско рекреативен центар кој ќе биде лоциран во Радишани и според најавите на локалната самоуправа ќе го носи името „Македонија“.

– Веднаш спроти Манастирот Св. Наум кај местото викано Олимпија, наскоро ќе никне нов ултра модерен спортско рекреативен центар, можеби најубав во градот Скопје. Овој спортско рекреативен центар ќе содржи: Модерно фудбалско игралиште со виско квалитетна вештачка трева, нова ограда, нови голови и ново лед осветлување. Баскет игралиште со специјална подлога за баскет, нови кошеви и ново лед осветлување. Ново модерно детско игралиште ,нов парк за рекреација на граѓаните,нов паркинг простор – информира градоначалникот на Општина Бутел Дарко Костовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот