Радијата и телевизиите ќе плаќаат за половина поевтини лиценци за 2022 година

Поради продолжувањето на КОВИД-19 пандемијата која неповолно влијание на општата економска состојба како и поради појавата на енергетска криза што директно се одразува врз економската одржливост на радиодифузерите, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ќе им помогне на радијата и телевизиите во справувањето со негативните последици.

Надоместокот за дозвола за телевизиско или радио емитување за 2022 година, пресметан согласно формулата утврдена во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, ќе биде намален за 50 отсто, најавија од АВМУ.

Агенцијата се надева дека оваа донација ќе придонесе за ублажување на последиците од кризата и ќе го олесни работењето на радиодифузерите, односно ќе придонесе за нивно непречено функционирање и наредната година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот