Радев со поддршка за европската перспектива на Македонија

Румен Радев/ Фото: МИА

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска во Софија имаше состанок со амбасадорите во државите членки на ЕУ, Швајцарија и во САД, при што нагласил дека државата ја поддржува европската перспектива на Република Северна Македонија.

„Бугарија ја поддржува европската перспектива на Република Северна Македонија и воспоставувањето на земјата како силен сојузник во НАТО”, нагласи Радев.

Шефот на бугарската држава ги пофали позитивните сигнали во последните неколку недели во односите меѓу Софија и Скопје и, пред се, продолжувањето на дијалогот на највисоко ниво.

Радев изрази надеж дека тој дијалог ќе доведе до конкретни одржливи и неповратни резултати „во нашите билатерални односи со Република Северна Македонија, што исто така ќе ја забрза европската перспектива на нашиот југозападен сосед”, сооштија од неговиот Кабинет.

на средбата се разговарало и за борбата со корупцијата, санкциите со Глобалниот закон Магнитски како и за иницијативата Три мориња.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот