Радев огорчен поради тоа што притисокот од ЕУ врз Софија е поголем отколку врз Скопје

Румен Радев
Румен Радев / Фото: EPA/VASSIL DONEV

Притисокот врз Бугарија да се согласи за почеток на преговорите меѓу Република Северна Македонија и Европската Унија е огромен, а парадоксално е тоа што притисокот врз земјата членка е поголем отколку врз земјата кандидат, изјави бугарскиот претседател Румен Радев на конференцијата „Европска перспектива за добрососедски односи меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија“, што се одржува под негово покровителство во Националната палата на културата.

„Се користат секакви методи за лобирање и притисок врз Бугарија преку нашите сојузници и европските институции за да се укине ветото за почеток на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ“, рече шефот на бугарската држава, пренесуваат бугарските медиуми.

Според Радев, притисокот бил особено силен за време на двата европски совета одржани минатата година, кои биле подготвени да ги разгледаат прашањата за проширувањето, но тоа не се случило бидејќи ставот на Бугарија бил поддржан од останатите членки.

Денешниот форумот го организираат Институтот за историски истражувања при Бугарската академија на науките (БАН) и Македонскиот научен институт (МНИ) под покровителство на Радев. Конференцијата е во спомен на Гоце Делчев, чија смрт денеска одбележува 119 години.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот