Рада Трајковиќ / Фото: Ал Џазира Балканс / скриншот

Рада Трајковиќ: Курти работи на дестабилизација на Србите во Косово, а се шпекулира и во Македонија

Во српските области, Српската листа победи како што се очекуваше со помали проценти од две причини: значителна емиграција на Србите од напуштање на институциите и зголемена албанизација на општините со српско мнозинство, оцени српската политичарка од Косово.

Косовскиот премиер Аљбин Курти работи на дестабилизација на Србите во Косово, а се шпекулира и во Северна Македонија, изјави денеска Рада Трајковиќ, српска политичарка од Косово, објави jugpress.

Таа денеска за регионалната информативна агенција ЈУГпрес оцени дека „изборите во Косово бараат сериозна анализа“.

„Во српските области, Српската листа победи како што се очекуваше со помали проценти од две причини: значителна емиграција на Србите од напуштање на институциите и зголемена албанизација на општините со српско мнозинство“, вели Трајковиќ.

Таа предупредува дека иднината на српските општини од север „ќе биде полна со предизвици меѓу српската локална самоуправа и централната влада, особено ако Владата на Косово ја предводи репресивниот Курти“.

„Курти работи на дестабилизација на Србите во Косово, а, се вели во добро информирани кругови, и во Северна Македонија, каде што во коалицијата на албанската партија Влен, новата коалиција поддржана од Иран, Турција и Албин Курти е обид за потиснување на албанските партии кои ја стабилизираа Северна Македонија со Охридскиот договор“, предупредува Рада Трајковиќ.

Рада Трајковиќ  е српска политичарка, доктор по медицински науки и претседателка на невладината организација „Европско движење на Србите од Косово и Метохија“.

Од 24 март 1998 до 24 октомври 2000 година, како членка на Српската радикална партија, таа беше министерка за семејна грижа во втората влада на тогашниот премиер на Србија, Мирко Марјановиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот