Работнички во неизвесен натпревар подобар од Еуро Никел во Кавадарци

Фото: КК Работнички

Во единствениот денешен натпревар од кошаркарската Прва лига на Македонија тимот на Работнички славеше минимална победа против Еуро Никел од 92:91.

Еуро Никел во салата во Кавадарци имаше добар старт и по првата четвртина водеше со 28:24, сепак Работнички заигра нешто подобро во втората и на пауза замина со предност од 47:49.

Второто полувреме донесе голема борба на паркетот, а во завршните десет минути домаќинот влезе со два поени предност. Тој период му припадна на скопскиот тим кој на крајот и славеше со 92:91.

Работнички по 17 одиграни кола е на учинок од 13 победи и четири порази, додека Еуро Никел на третото место има 12 победи и пет порази.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот