Работнички и Шкендија без „муниција“ во дербито

фото: ФК Шкендија

Дерби натпреварот во 21. коло во Првата фудбалска лига помеѓу Работнички и Шкендија заврши без голови, а ремито го искористи Шкупи за да ја намали негативата на табелата во однос на тетовчани.
Екипата на Работнички и во третиот натпревар во пролетниот дел од сезоната остана непоразен и дојде до дури 11. реми оваа сезона во 21. натпревар, додека Шкендија остана лидер на табелата со 46. бода.

„Романтичарите“ беа за нијанса подобар ривал од Шкендија, имаа повеќе шанси за гол, но Максимов, Станковски и Петковски не успеаја да ја затресат мрежата, додека од друга страна заканите на Шкендија беа преку Алими и Дита.

Ремито на Работнички и Шкендија го историски Шкупи кој славеше на гости кај Силекс со 0:1 и сега има шест бода помалку од лидерот на табелата. Стрелец на единствениот гол беше Фреди Алварез од пенал во 78. мнута.
Фудбалерите на Вардар доживеаја пораз од 3:0 на гостувањето кај Ренова која до трите бода дојде со двата гола на Селмани како и голот на Шефити. Пелистер дојде до значајни три бода во битката за опстанок со победата на гости кај Струга ТЛ со голот на Пејаковиќ во судиското продолжение.

Фото: ФК Шкендија

Резултати:
А. Пандев – Македонија ЃП 2:1
Борец – Беласица 2:1
Работнички – Шкендија 0:0
Ренова – Вардар 3:0
Силекс – Шкупи 0:1
Струга ТЛ – Пелистер 0:1

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот