Путин е за укинување на патентите за вакцини

владимир путин
Рускиот претседател Владимир Путин / Фото: EPA-EFE/MICHAEL KLIMENTYEV / SPUTNIK / KREMLIN POOL MANDATORY CREDIT

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека е за укинување на патентите за вакцината против ковид-19, по предлогот на САД, за да се забрза производството и дистрибуцијата на вакцините низ целиот свет.

– Се разбира, Русија ќе го поддржи ваквиот пристап, рече Путин на состанок посветен на пандемијата и побара од руската Влада да работи на тоа прашање.

– Во сегашните околности, како што реков многу пати, не треба да размислуваме како да заработиме што е можно повеќе, туку за тоа како да им ја гарантираме безбедноста на луѓето, рече тој.

Русија досега произведе четири вакцини, почнувајќи од главната, Спутник В, а руските здравствени власти одобрија и Спутник лајт која се дава во една наместо две дози.

Путин на овој начин им се придружи на САД кои вчера повикаа на укинување на патентите.

Путин, сепак, воопшто не го спомна предлогот на Вашингтон, дури рече дека идејата потекнува од Европа.

– Мислам дека „заслужува внимание, под тоа мислам на едноставно укинување на заштитата на патентите за вакцината против ковид-19, додаде тој.

Европската унија денеска соопшти дека е „подготвена да разговара” за ова прашање, кое ќе биде на дневен ред на самитот на 27 земји-членки во Порто во петок, но изрази сомнеж за успехот на таквата мерка за забрзување на вакцинацијата ширум светот. ЕУ досега се спротивставуваше на таквата идеја.

И францускиот претседател Емануел Макрон денеска исто така рече дека „безусловно е за укинување на заштитата на интелектуалната сопственост”, а Германија соопшти дека е „отворена” за дебата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот