Пунктови за дезинфекција и бесконтактни топломери-донација од ТИКА за градинките

Министерката Шахпаска соопшти дека на дневно ниво прават анализа и ја следат состојбата со почитувањето на протоколите во градинките и директно со здравствената состојба, како на дечињата, така и на негувателите и воспитувачите.

Пунктови за дезинфекција и бесконтактни топломери наменети за градинките, а во рамки на проектот „Здраво и одржливо образование”, донираше денеска Турската агенција за соработка и координација – ТИКА на градинката „Орце Николов” во Општина Карпош.

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска на денешниот настан порача дека во услови на пандемија, секоја помош е добредојдена.

– Живееме во услови на светска пандемија која ја предизвика инфекцијата со коронавирусот. Почитувањето на протоколите во институциите кои започнаа со својата работа како што се јавните установи за сместување на деца, детските градинки и центрите за ран детски развој претставуваат многу значајна мерка за заштита од вирсуот, рече Шахпаска.

Министерката соопшти дека на дневно ниво прават анализа и ја следат состојбата со почитувањето на протоколите во градинките и директно со здравствената состојба, како на дечињата, така и на негувателите и воспитувачите.

– Согласно протоколите во градинките се предвидени слободни 21 000 места. Од тие 21 000 места од 15 октомври во градинка беа сместени околу 10 700 деца. Дел од родителите се одѕваа на нашиот апел и повик – дечињата кои само ги имаат запишано на хартија, а не ги носат ги повлекле привремено од градинките и на тој начин искажаа општествена одговорност, оставајќи простор на оние родители на кои навистина им е неопходно сместување на децата во градинките, посочи Шахпаска.

Како што изјави Халим Омер Согут, програмски координатор на ТИКА, целта на донацијата е да дадат придонес во спречувањето на ширењето на пандемијата предизвикана од Ковид-19.

– Посакуваме оваа наша програма за здраво и одржливо образование ќе даде придонес во целиот процес каде всушност се вклучени сите дечиња, наставници, родители и сите семејства кои се дел од оваа проблематика, рече Согут.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот