Првото јавно појавување на Бајден и Харис: На Америка и треба лидерство (ФОТО+ВИДЕО)

Камала Харис, која ќе биде кандидат на демократите за потпретседател на САД во претседателската трка на Џо Бајден, првпат се појави во јавност со него, еден ден откако беше именувана како кандидат.

Харис и Бајден заедно учествуваа на предизборниот собир во средното училиште во Вилмингтон, во неговата родна држава Делавер.

Џо Бајден и Камала Харис / Фото: Olivier DOULIERY / AFP / Profimedia

Тие одржаа виртуелна седница на градското собрание во хотелот од кој Бајден ја покрена кампањата за Сенатот во 1972 година.

Настанот беше затворен за јавноста заради пандемијата на коронавирусот, а Бајден и Харис се појавија на бината носејќи маски, пренесува Би-Би-Си.

Џо Бајден и Камала Харис / Фото: Olivier DOULIERY / AFP / Profimedia

Џо Бајден рече дека изборот кој ќе биде направен во ноември ќе ја одлучи иднината на Америка за многу долг период.

– Доналд Трамп веќе почна со нападите, велејќи дека Камала е непријатна, се жалеше дека лошо се однесувала спрема неговите соработници, рекол Бајден.

Фото: EPA-EFE/USA BIDEN HARRIS HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Камала Харис истакна дека ова е моментот за вистинските последици на САД.

– Станува збор за се што ни е важно, нашата економија, здравје, деца, државата  во која живееме, додала таа.

Фото: EPA-EFE/BIDEN HARRIS CAMPAIGN / HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Харис истакна дека на Америка и треба лидерство, а сепак има претседател кој повеќе се грижи за себе и луѓето кои гласале за него.

Од девојче кое поради црната боја на кожата никој не го дружел, до историска кандидатура за потпретседател на САД

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот