Првоаприлски маски од електричен отпад, најкреативните дечиња ќе бидат наградени

Фото: Општина Аеродром

Во изборот на најдобра екомаска може да учествуваат сите деца од градинките и училиштата од Општина Аеродром.

Општина Аеродром, Нула Отпад ДОО Скопје и Capitol Mall & Residence почнаа кампања за изработка на екомаски од електричен отпад. Во изборот на најдобра екомаска може да учествуваат сите деца од градинките и училиштата од Општина Аеродром.

– Задача на учесниците е да изработат индивидуална креативна маска во која ќе вклучат најмалку три стари и неисправни електронски и електрични уреди или стари и потрошени батерии, како и за групна маска доколку постои интерес, а ќе бидат одбрани и наградени трите најдобри маски. Фотографија од направената екомаска треба да се испрати во директна порака на фејсбук профилот на Капитол Мол, заедно со уредно пополнета и потпишана пријава од родител/старател најдоцна до 01.04.2022 година до 16:00 часот. Целосен правилник за учество и образец пријава за учество во Е-Капитолијадата ќе биде објавен на веб страната на Капитол Мол и Нула Отпад – информираат од Општина Аеродром.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот