Каја Шукова / Фото: Фејсбук

Прво обраќање на Шукова откако не влезе во втор круг: Не успеавме, но не се срамиме!

Шукова им заблагодари на граѓаните што излегле на гласање, а на кандидатите кои продолжуваат во вториот круг им посака фер, достоинствен и демократски натпревар.

Кандидатката за градоначалничка на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, им се заблагодари на граѓаните што излегле на гласање, а на кандидатите кои продолжуваат во вториот круг им посака фер, достоинствен и демократски натпревар

Резултатот не е оној што го посакувавме, но сепак горда сум на кампањата што ја водевме, чесно, транспарентно и со јасна визија за развој и подобар живот за сите жители на Скопје – порача кандидатката за градоначалничка на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, која не освои доволно гласови за влез во вториот изборен круг.

Шукова им заблагодари на граѓаните што излегле на гласање, а на кандидатите кои продолжуваат во вториот круг им посака фер, достоинствен и демократски натпревар.

„Му благодарам на мојот тим, на сите поддржувачи за посветеноста и професионализмот. Во овој изборен процес покажавме дека заедно можеме да градиме политичка култура заснована на почит, дијалог и идеи. Без разлика на изборниот резултат, јас ќе продолжам да работам за јавниот интерес и за вредностите во кои верувам со истата одговорност и посветеност“, порача Шукова во објава на социјалните мрежи.

Според 99,95 отсто обработени гласови од првиот круг од изборите, кандидатката на СДСМ за Град Скопје, Каја Шукова, има освоено 11,50 проценти од вкупниот број избирачи кои гласале. Во апсолутни бројки тоа се освоени 26 727 гласови. Пред неа по број на освоени гласови се кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ, Левица и Вреди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот