Првиот извештај на истражната комисија во Виена: Страшни грешки на службата претходеа на терористичкиот напад

Службите за заштита на уставноста и борбата против тероризмот направија страшни грешки во врска со терористот Кујтим Фејзулаи, кој на 2 ноември уби четири лица и рани повеќе од 20 лица во центарот на Виена, се вели во првиот извештај на истражната комисија, пренесува Танјуг. 

Фејзулаи, кој беше осуден на 22 месеци затвор за терористичко здружување затоа што сакаше да се приклучи на Исламската држава, беше ослободен на условна казна на почетокот на декември 2019 година.

Неколку дена по излегувањето од затвор, на 17 декември, пред комисијата за процена за потенцијална опасност, тој не соработувал. Од таа причина била побарана процена на ризик од Виенската провинциска служба за заштита на уставот и борбата против тероризмот (ЛВТ).

Таа процена ЛВТ ја направи дури на 11 септември 2020 година, и била менувана два пати до 7 октомври кога била финализирана.

Во извештајот, ЛВТ го проценува дека Фејзулаи претставува вистинска опасност за општеството. Забележано е дека тој од „умерен ризик“ бил означен како „висок ризик“.

Анкетната комисија критикува дека е неприфатливо првото оценување да трае скоро десет месеци и дека степенот на ризик требало да се процени најдоцна во јули. Но, од ЛВТ објаснуваат дека им недостасува персонал и време.

Иако германските разузнавачки служби ги информирале своите австриски колеги за состаноците на Фејзулаи со германските и швајцарските исламисти во Виена во средината на јули и нареди надзор, оперативната единица ЛВТ не беше свесна за значењето на тие состаноци, се вели во извештајот.

Истражната комисија посочува дека исламистите кои се собрале претставувале терористичка ќелија подготвена за напади.

Само на еден член на ЛВТ веднаш му беше јасно дека во Виена се одржа состанок на опасна терористичка ќелија, но Федералната служба за заштита на уставот и борбата против тероризмот (БВТ) го обврза да молчи иако БВТ негира, подвлекува Комисијата.

Истражната комисија смета дека надлежните служби направиле пропуст дури и кога од словачките власти добиле јасна информација дека Фејзулаи се обидел да купи муниција за автоматско оружје, што ја користел во терористичкиот напад, на 21 јули 2020 година во Братислава.

На 27 јули, БВТ доби фотографии од надзорна камера на една словачка продавница за оружје, но материјалот не беше проследен до ЛВТ Виена на 24 август со барање за идентификација.

Еден ден подоцна, ЛВТ го известил БВТ дека на сликата е идентификуван Фејзулаи и дека тој им е познат на властите.

Според извештајот на истражната комисија, еден член на ЛВТ увидел дека информацијата е загрижувачка, но неговите претпоставени го отфрлиле предлогот да се преземат мерки според законот за заштита на државата.

Дури на 16 октомври БВТ јасно го идентификуваше Фејзулај како лице кое се обиде да купи муниција во Братислава.

Истражната комисија го критикува и фактот што државното обвинителство не било информирано за тој случај, затоа што предвремено ослободување може да се повлече.

Комисијата во својот извештај посочува дека членовите на БВТ и ЛВТ  за време на разговорот постојано се жалеле за прекумерното преоптоварување и недостаток на технички и човечки ресурси што влијаат на квалитетот на нивната работа.

Покрај тоа, се наведува и дека постоела голема несигурност кај припадниците на БВТ, поради претреси на станови на членови од оваа служба кои се случиле во 2018 година по барање на обвинителството за борба против корупцијата.

Во извештајот се вели дека комисијата ја фали полицијата што учествуваше во акцијата за запирање на терористот на 2 ноември.

„Офицерите за спроведување на законот дејствуваа брзо, целисходно и на координиран начин. Првиот извештај покажува колку беше важно да се формира Истражната комисија и да се анализираат настаните“, рече генералниот директор за јавна безбедност, Франц Руг.

Што се однесува до судството, Комисијата оцени дека постапила правилно и веднаш ги прифатиле препораките за реформа на работата за дерадикализација на осудените исламисти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот