Првиот човек на косовскиот фудбал осуден на девет месеци затвор!

фото: твитер

Ова се случува на еден месец пред полуфиналниот меч во Скопје меѓу репрезентациите на Македонија и Косово за пласман на ЕП 2020..

Денеска косовските медиуми пренесуваат дека претседателот на Фудбалската федерација на Косово, Агим Адеми е осуден на девет месеци затвор.

Во 2012 година имаше судска одлука за присилување на деловен партнер да плати 30.000 илјади евра на неименуван општински функционер или му подари нов автомобил во замена за фалсификувани документи, кои се однесуваат на бизнисот со недвижнини.

Апелациониот суд на Косово ја потврди деветмесечната затворска казна што ја објави Основниот суд за претседателот на Фудбалската федерација на Косово (ФФК), Агим Адеми. Едногодишна затворска казна беше потврдена и за неговиот соработник Мухарем Рама. Обвинението против Рама и Адам беше поднесено на 14 јануари 2014 година.

Адеми се најде на местото претседател на Косовската фудбалска федерација после смртта на Фадил Вокри пред две години.

Ова се случува на еден месец пред полуфиналниот дуел во Лигата на нации кој што треба да се организира во Скопје за пласман на наредниот континентален собир.

Потсетување дека минатиот месец раководството на ФФМ предводено од претседателот Муамед Сејдини имаше координативен состанок со првиот човек на косовскиот фудбал, Агим Адеми, во однос на организацијата на плеј – оф полуфиналниот натпревар меѓу македонската репрезентација и селекцијата на Косово за пласман на Европското првенство 2020.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот