Продажбата на билетите за дуелот со Косово ќе започне во понеделник

ffm.mk

Влезниците за бараж натпреварот помеѓу Македонија и на Косово во полуфиналето од Лигата на нации ќе почне во понеделник. Место на северната и на јужната трибина ќе чини 300, односно, 400 денари и ќе може да се резервира преку продажната мрежа на „МК Тикетс”.

Едно лице, според препораките на МВР, ќе може да купи еден билет за мечот на 26 март (20.45 ч.) на арената „Тоше Проески” кој е прогласен за високоризичен. Билетите ќе бидат персонализирани, со име и презиме и број на лична карта.

Западната трибина е резервирана за македонските навивачки групи кои најавија обединување за македонско-косовската фудбалска пресметка, а за гостинските фанови е планиран седум отсто од капацитетот на стадионот и тие ќе бидат сместени на Источната трибина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот