Првиот човек на ФИФА е јасен: Ниту едно натпреварување не е повредно од здравјето на луѓето

twitter/Sport Exclusive

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, вели дека ниту едно натпреварување не смее да се продолжи се додека не се стекнат услови за такво нешто, односно не помине кризата со коронавирусот.

Пандемијата на коронавирусот го запре речиси сите фудбалски лиги и засега нема официјални информации кога би продолжиле првенствата иако екипите од најсилните пет европски лиги, инсистираат по секоја цена да се игра фудбал во најскоро време.

Инфантино стави јасно до знаење дека фудбалот во овие моменти е во втор план.

Најважново во овие моменти е здравјето на луѓето. Едноставно, ниту едно натпреварување не е вредно да се ризикува човечки живот. Неодговорно е да се форсира со играње натпревари доколку не е сто отсто безбедно. Колку што треба – ние ќе чекаме – рече Инфантино.

Запирањето на фудбалот им предизвика големи финансиски проблеми на сите екипи и поради тоа се почесто се намалуваат платите на фудбалерите.

Имаме резерви, но тоа не се наши пари, туку им припаѓаат на сите. Кога ќе биде потребно ќе направиме сè за да помогнеме. Тоа е наша обврска, а воедно и и должност – вели претседателот на ФИФА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот