Првата ѕвезда во тимот на Тотенхем подготвена за финалето во ЛШ

EPA-EFE/OLAF KRAAK

Хари Кејн ќе биде подготвен за финалето на Лигата на шампиони против Ливерпул.

Според лондонскиот „Ивнинг стандард”, се очекува капитенот на Тотенхем целосно да се опорави од повредата на зглобот.

Кејн се повреди во април годинава на првиот натпревар од четврт-финалето на Лигата на шамиони против екипата на Манчестер сити.

Иако челниците на лондонскиот клуб првично стравуваа дека нивниот најдобар фудбалер пред време ќе ја заврши сезоната, сепак Кејн закрепна побрзо отколку што очекувале и ќе биде дел од финалето против Ливерпул кое на 1 јуни ќе се игра во Мадрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот