Првата феминистка на светот, на која денес ѝ се восхитуваат жените: Ја родила „мајката на Франкенштајн“ и починала

Основачката на феминизмот и писателка чии дела дополнително го „зачадиле“ револуционерниот амбиент на западна Европа, заслужува посебно место како еден од пионерите на борбата за унапредување на човековите права и особено на правата на жените.

Мери Волстонкрафт е родена во Лондон во 1759 година. Детството го поминала во страв од татко ѝ, кој поради лошите деловни инвестиции „потонал“ во алкохолизмот, а со него и целото семејно богатство.

Живеејќи во атмосфера на постојан страв, Мери сама се грижела за сестрите и мајката, кој, поради своето нарушено здравје, не можела да му се спротистави на сопругот.

Фото: Профимедиа

Како тинејџерка, таа решава да го напушти семејството и да стане придружничка на богатата леди Досон.

Незадоволна од својата животна ситуација, талкала по собите на нејзиниот луксузен дом, но соочена со фаталната болест на мајка си, се вратила дома за да ѝги олесни последните денови.

Во текот на престојот во семејната куќа, Мери дознала за тешката депресија на нејзината сестра Елиза, која била предизвикана од лошиот брак.

Одлучила да ѝ помогне по секоја цена и нејзе и  на нејзиното бебе од пеколот кој полека, но сигурно ја вовлекол во болест.

Уште тогаш се соочила со осудата од околината за мешањето во туѓите семејни односи.

Феминистичка утопија

Заедно со нејзината сестра и својата пријателка Френсис Блад, Мери основала училиште и започнала да се занимава со издавачка дејност, живеејќи во еден вид феминистичка утопија. Сепак, по неколку години, Френсис се омажила и заминала во Португалија, а Мери се преселила во Ирска каде повторно работела како гувернанта во богатото семејство на леди Кингсборо.

Потиштетна од фактот дека голем број интелигентни луѓе заработуваат за живот низ работни места во кои не може да се изразат потенцијалот и талентот, таа го сфаќа разорното влијание на емоционалната чувствителност и сензибилитет кои, според нејзиното мислење, се карактеристични за жените, а е директна последица на изострените сетила.

Во еден од нејзините први есеи, Мери зборува за женскиот сензибилитет како моќно оружје, но и голем хендикеп.

Особено е фатално кога се делат општествените улоги, во случај тие да се базираат на родовите карактеристики.

Работејќи за леди Кингсборо, таа ја анализирала економската и социјалната ситуација во Ирска.

Во критиките не ја поштедила личноста која ја вработила, а во своето однесување препознала некои од најголемите женски маани.

Според Мери Волстонкрафт, во однесувањето на „угледните семејни жени“ во тоа време доминирала апсолутна зависност од мажите, како главна причина за недостатокот на социјален идентитет.

За разлика од нив, Мери уштре од тинејџерските денови сама заработувала за живот.

Критиката, филозофија и првите значајни дела

 

По неколку години поминати во тешка депресија, Мери ја напуштила оваа работа. Тогаш настанал пресуден момент во нејзиното пишување и филозофско дело. Знаејќи ги нејзините интереси, но и читајќи ги нејзините есеи, познатиот издавач Џозеф Џонсон ја поканил да му се придружи како соработник во неговото филозофско-аналитичко списание.

Таа веднаш ја напуштила работата во Ирска, му се придружила на Џонсон, а наскоро кругот на интелектуалци во кој била таа станувал  сѐ поширок.

Како што напредувала како писателка, таа полека сфатила дека нејзиното потекло или ментална состојба не се одговорни за нејзината трагична судбина, туку воспоставената перцепција на тогашните успешни и привилегирани луѓе дека „образованието и женската автономија треба да се намалат“.

Во текот на работата во ова списание, настанале делата кои предизвикале многу контроверзии. Прво, „Одбрана на правата на мажите“, како одговор на носталгичните и конзервативни размислувања на Берк за револуцијата во Франција, а потоа и „Одбрана на правата на жените“, во која таа добро се позанимавала со тезите на Русо за важноста на еманципацијата на жените претставени во делото „Емил. “. И двајцата автори таа жестоко ги критикувала, а иако до револуционерните настани не одела во Франција, таа овој јазик совршено го зборувала и разбирала.


Во подоцнежните дела таа се занимавала и со „површноста“ на нејзината поранешна газдарица леди Кингсборо. Таа со презир пишувала за тогашната положба на жената во корумпираната аристократија, каде повеќето од нив имаат илузија дека „флертувањето со мажи“ е единствениот пат до општествениот углед. Образованието и иницијативата се занемарени заради „малите задоволства“, а парите и статусот на нивните животни сопатници до таа мера ги задушиле, што не сакале ништо повеќе од тоа.
Тие се во најголем дел успешни мајки, но во исто време опседнати со сопствените привидни и банални детали кои, како врв на тривијалноста, им даваат само целосна димензија на нивниот идентитет.

Мери инсистирала на важноста на мајчинството во животот на секоја жена, но ниту мајчинството не би имало многу смисла без образование, независност и постојана борба.

Слобода, еднаквост, братство

За време на постреволуционерниот период, токму во Париз Мери го запознала Гилберт Имлај, бизнисмен и либерал со американско потекло. Романсата со него била бурна и кратка, а од оваа врска ја добила и ќерката Фани.

Во моментот кога љубовта била на врвот, односите меѓу Англија и Франција станале затегнати, па таа со идниот сопруг го напуштила Париз и заминала во Авр. Таа наскоро била прогласена за деловна соработничка на Имлај, иако никогаш не станала негова официјална сопруга.

Во потрага по изгубениот товар со среброто што било во сопственост на Имлај, Мери отишла во Скандинавија. Турбулентниот период во нејзиниот живот го опишала во делот „Писма од Шведска“.
Додека пишувала за своето патување, Мери се обидувала да ја оправда силната сексуална желба на жената во општество во кое доминираат мажи, а клучот за преживување е самоконтролата.

Како еден од изворите на моќ во општествените односи меѓу половите, ја наведува вештината на заведување што ја имаат или ја немаат човечките суштества.

„Мислам дека таквите умови се силни и оригинални, бидејќи предизвикуваат ментални перформанси кои делуваат како силен поттик за сетилата“, напишала Мери.

Бракот на првата феминистка

„Писма од Шведска“, но и нејзините други записи, го воодушевиле англискиот романсиер и писател на политичка теорија, Вилијам Годвин, кого Мери го запознала додека сè уште била членка на интелектуалниот круг на Џонсон. Станале блиски пријатели, а потоа и љубовници. Наскоро Мери забременила од нејзиниот нов избраник.

Плашејќи се дека јавно ќе биде означена како жена со две непризнаени деца од различни татковци, Мери му предложила на Годвин да се ожени со неа, што тој го прифатил.

За жал, во 1797 година, само десет дена по раѓањето на нејзината ќерка Мери, Мери Волстонкрафт починала. Така, таа ја споделила судбината на многу жени, кои починале во тоа време поради компликации предизвикани од породувањето. Нејзината помала ќерка Мери Шели станала позната авторка на хорор-романот „Франкенштајн“.

Вилијам Годвин постхумно го објавил недовршениот роман на Мери „Maria, or The Wrongs of Woman“ (Марија, или грешките на жената), чија главна тема е бракот и тешката судбина на хероината во договорен брак.

Ова дело се толкува како продолжение на „Одбрана на женските права“, а меѓу другото се работи за приказната за жената по име Марија, која на смртна постела навистина верува дека оди во друг свет, каде што нема брак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот